Поврзете се со нас

Италија

Лацио и Сари ќе ја завршат соработката порано од предвиденото

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Маурицио Сари не успеа да го одведе Лацио до четвртфиналето на Лигата на шампионите, резултат кој заедно со неубедливите резултати во домашното првенство ги смениле плановите на првиот човек на клубот, Клаудио Лотито.

Тренерот има договор со Лацио до 2025 година, но повеќе италијански медиуми потенцираат дека ќе ја напушти функцијата ова лето.

Сари и Лотито одамна имаат различни ставови во однос на трансфер политиката, а претседателот сака да се истакнува со своите одлуките на трансфер пазарот, а ситуацијата кулминира сезонава поради недоволниот број засилување за римскиот клуб.

– Имам уште една година од договорот, но циклусот може да заврши порано. Екипата веќе не е млада и нешто мора да се преземе, – рекол Сари по поразот од Баерн.

Главни кандидати за наследник на Сари се Игор Тудор, Винченцо Италијано и Рафаеле Паладино, а последните двајца во моментов имаат обврски кон Фиорентина, односно Монца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни