Поврзете се со нас

Италија

Лацио го заврши дербито со тројца играчи помалку, Окафор донесе победа за Милан (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Италијанското дерби меѓу Лацио и Милан донесе многу тензични моменти на „Олимпико“, а на крајот гостите ја искористија предноста на теренот за победа со резултат 0:1.

Лука Пелегрини на бизарен начин доби втор жолт картон и во 57. минута им овозможи предност на гостите, кои се обидуваа да ја искористат се до финишот.

Тогаш резервистот Окафор се снајде најдобро во шеснаесетникот на Лацио и го совлада Проведел во 87. минута од средбата.

Во продолжение црвени картони во домашниот тим заработија и Марушиќ и Гендузи, па Маурицио Сари барем на еден натпревар нема да смета на овие тројца фудбалери.

Милан му се залепи на Јувентус со еден бод заостанување на третото место, додека Лацио е се подалеку (0сум бодови со натпревар повеќе) од Топ 4 зоната која значи пласман во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни