Поврзете се со нас

Италија

Лацио го положи последниот испит пред соочувањето со Баерн (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Составот на Лацио им се врати на победите во Серија А и тоа во соочувањето со Калјари кое го доби со 3-1.

Лацијалите во 23. коло загубија од Аталанта (3-1), а претходно ремизираа без голови со Наполи, па денеска целта беше да се дојде до трите бода и на најдобар можен начин да се дочека пресметката со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Избраниците на Сари дојдоа до резултатот што го посакуваа и тоа со автоголот на Деиола, Имобиле и Фелипе Андерсон. Единствениот погодок за домаќините беше дело на Гаетано.

Со вкупно 37 бода клубот од Рим е на 6. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни