Поврзете се со нас

Италија

Лацио го освои Торино и се врати во трката за топ четири (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио игра по принципот топло-ладно од стартот на сезоната и тоа прави доста проблеми за избраниците на Маурицио Сари, кои по лошото издание против Болоња, денеска славеа на гостувањето во Торино.

„Лацијалите“ им се вратија на победите и освоија важни три бода на гостувањето кај тимот кој го предводи Хрватот Јуриќ, а со тоа тимот од престолнината се врати во трката за топ четири пласман.

Лацио победи благодарение на поефикасната игра во второто полувреме во кое успеа да постигне два гола преку Гендузи и Каталди, па на крајот доста лесно ја одбрани позитивата и во ситуација кога остана со играч помалку.

Гила беше испратен на туширање поради втор жолт картон, но момците на Сари успеаја да се справат од завршните налети на Торино и ја сочуваа својата мрежа.

Ова беше заостанат натпревар од 21-то коло во Серија А, па сега Лацио брои вкупно 40 бод и се искачи на седмото место на табелата, со напомена дека има пет помалку од четвртопласираната Аталанта.

Видеото од головите погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни