Лацио го освои седмиот трофеј во Копа Италија (Видео)

lazio-atalanta

Фудбалерите на Лацио ја победија Аталанта со 2:0 и го освоија трофејот во италијанскиот фудбалски Куп на својот „Олимпико“ во Рим.

Аталанта ја имаше првата и тоа тројна шанса на оваа средба, Лацио исто така се закани во првото полувреме, но голови немаше до 82. минута кога Милинковиќ-Савиќ постигна гол со глава по изведен корнер и тоа три минути откако го зазема местото на Луис Алберто.

Точка на неизвесноста стави Кореа во 90. минута и го најави големото славје на „бјанкоцелестите“ кои на овој начин изборија пласман и во Лига Европа. За Лацио ова е седма титула во Копа Италија, прва по таа освоена во сезоната 2012/13.

Facebook Коментари