Италија
Лацио го освои „Сан Сиро“, Милан врза три порази по ред во Серија А (Видео)

Милан стигна до израмнување со фудбалер помалку на дербито со Лацио, но на крајот се соочи со пенал за гостите во финишот на судиското надополнување.
Римскиот клуб стигна до многу важна победа (1:2) и на тој начин ја продолжи лошата серија на „росонерите“, кои сега врзаа три порази по ред во Серија А и остануваат уште подалеку од местата кои водат во Лигата на шампионите.
Лацио во уште едно одлично издание поведе со голот на Ѕакањи во 28. минута, а неубедливиот Милан не успеваше да стигне до израмнување, за во 67. минута да навлезе во уште поголем проблем со исклучувањето на Павловиќ.
Дури и во таква ситуација, резервистот Чуквуезе успеа да погоди во 85. на асистенција на Леао и го врати Милан барем во ситуација да освои бод, но домашниот состав не успеа да го направи тоа.
Во последниот напад, Мањан го собра Исаксен, судијата доби повик од ВАР собата и покажа на белата точка, а Педро ги постави конечните 1:2.
Лацио во моментов е на четвртото место со 50 бодови, девет повеќе од Милан и осум помалку од лидерот Интер.
Головите можете да ги погледнете ТУКА
-
Игри на среќа23 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија21 час
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)