Италија
Лацио без италијански репрезентативец на гостувањето во Чешка

Лацио сезонава игра во одлична форма во домашното првенство, но и во Лига Европа, па тој факт само ги подгрева амбициите на италијанскиот клуб во однос на желбата да стигне до трофеј.
Утре, римскиот состав гостува кај Викторија Плзен, а тренерот Барони овојпат нема да може да смета на Матија Ѕакањи.
Италијанскиот репрезентативец се пожалил на мускулна повреда по дербито со Милан и ќе одмора во пресрет на следниот ангажман во Серија А, иако засега не е јасно дали ќе пропушти само еден натпревар.
Педро ќе биде играчот кој веројатно ќе го замени Ѕакањи во првиот тим на Лацио во осминафиналето на Лига Европа, а тренерот ќе може да смета и на Ромањоли и Марушиќ, чиј настап беше неизвесен.
По дуелот со Викторија, следниот настап на „бјанкоцелестите“ е во понеделник и тоа на домашен терен против незгодниот Удинезе.
-
Репрезентација24 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства12 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП15 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…