Шпанија
„Ла Република“ тврди: Јувентус пред договор со елитен стопер од Барселона
Италијанските медиуми од доцна синоќа пренесуваа бомбастични информации поврзани за Јувентус и Роналд Араухо, но угледната „Ла Република“ утрово отиде чекор понапред и соопшти дека Уругваецот се наоѓа пред трансфер во Торино.
„Старата дама“ ја означи позицијата на централен дефанзивец како круцијална во овој зимски преоден рок по тешката повреда на Бремер, а конечниот избор падна на Уругваецот кој има статус на елитен стопер, но кој не се изнаигра во последните шест месеци поради повредата која ја заработи на Копа Америка.
Араухо е прв избор на водечките структури на Јувентус и клубот од Торино веќе преговара со Уругваецот, а како што тврди „Ла Република“, постојат изгледни шанси тој да заврши на „Алијанц стадионот“ уште во јануари.
Долгото отсуство од терените го натера Ханси Флик да имплементира нов дефанзивен двоец во одбраната на Барселона, па бидејќи Араухо има статус на резерва откако се врати на терените, значително се зголемија шансите за негова продажба.
Иако Араухо пред една година потенцираше дека негова примарна цел е да остане на „Камп Ноу“, преговорите за нов договор не вродија со плод иако истите траат една година, па цела оваа ситуација сака да ја искористи Јувентус кој првично сака да го донесе Роналд како позајмен фудбалер, а потоа да го откупи целосно во летниот преоден рок.
-
Англија14 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија21 час
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија16 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија20 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија7 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација9 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија6 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Германија10 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)