Поврзете се со нас

Италија

„Ла Република“: Поразот од Лацио го промени статусот на Мурињо во Рома

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialASRoma

Рома доживеа пораз од Лацио во четвртфиналето на италијанскиот Куп, со што „волчицата“ остана без можност да се бори за овој трофеј, но донесе и ново разочарување за фановите во дуелите со најлутиот ривал.

Жозе Мурињо префрли најголем дел од вината за поразот врз судиите поради досудениот пенал во корист на противникот, а тоа предизвикало негативен ефект во редовите на раководството, па и кај дел од фановите.

Мурињо засега нема потпишано продолжување на договорот со Рома, а иако има одлична конекција со навивачите, последниот пораз го оддалечува од останувањето на клупата на римскиот клуб, тврди весникот „Ла Република“.

– Поразот на дербито може скапо да го чини Мурињо, сега тој го загуби статусот на „недопирлив“ и меѓу фановите.

– Сопствениците не се задоволни што тренерот го претвора секој натпревар во хаос, додека и просекот на постигнати голови по натпревар е помал во споредба со сите претходни тренери на Рома, – стои во текстот на добро информираниот медиум.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни