Поврзете се со нас

Шпанија

Ла Лига го одложи натпреварот на Валенсија поради пожарот со човечки жртви

Објавено

на

Foto:twitter.com/valenciacf

Големиот пожар во неколку згради во Валенсија ги шокираше жителите на градот, а за жал последиците од несреќниот случај се сериозни и донесоа човечки жртви.

Фудбалскиот клуб од овој шпански град побара и доби одложување на средбата со Гранада од Ла Лига, а причина е трагедијата во која животот го загубија најмалку десет лица.

Сите категории во Валенсија ги започнале денешните тренинзи со минута молчење, а клубот се понуди за било каква помош доколку локалните власти имаат потреба од такво нешто.

Оганот проголта неколку згради, а одговорните стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголеми, бидејќи во моментов дури 15 лица се водат како исчезнати.

Во регионот Валенсија е прогласена и тридневна жалост.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни