Шпанија
Ла Лига го кочи трансферот на Шчесни во Барселона
Војчех Шчесни веќе прифатил да стане дел од Барселона во ситуација кога шпанскиот клуб бара замена за Марк-Андре Тер Штеген, но Каталонците досега не успеаја да направат ништо конкретно по ова прашање.
Според „Релево“, причина за успорувањето на процесот е „технички проблем на Ла Лига“, нешто што донело многу фрустрации во раководството на Барселона, пред се поради фактот што Ханси Флик и натаму има само еден сениорски голман во своите редови.
Инаки Пења нема класична замена од првиот тим, а засега не е познато кога Ла Лига ќе донесе одлука околу најавениот трансфер и ќе овозможи целосно комплетирање на договорот според кој полскиот голман ќе ја засили Барса.
Финансиската ситуација на клубот доведе до ситуација секој трансфер и регистрација да бидат одобрувани од Ла Лига, па сега очигледно е дека Шчесни нема да може да застане на голот на Барса уште на неколку натпревари.
Каталонците денеска и гостуваат на Осасуна, а за Шчесни мали се шансите за настап и на дуелот со Јанг Бојс во Лигата на шампионите.
-
Евролига8 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Шпанија20 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Свет24 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
Англија23 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Италија20 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Македонија21 час
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
Италија9 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Македонија22 часа
Бахар за трката за титулата во Македонија: Шампион ќе биде…