Шпанија
Ла Лига ѝ зададе нов непријатен удар на Барселона, на потег е Врховниот спортски суд

Ла Лига ова попладне излезе со долго и опширно соопштение за целата спорна операција која ја реализираше Барселона во месец јануари, а кој на крајот направи Жоан Лапорта да успее да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор.
Иако последниот датум беше 31-ви декември 2024-та година, Барселона продажбата на ВИП седишата на „Камп Ноу“ ја реализираше со големо задоцнување и наиде на разбирање од судовите и шпанската Федерација, но бидејќи Ла Лига од прв момент се противеше на целиот расплет, сега достави официјална тужба и го поништи целиот процес.
Ла Лига преку својот претседател Хавиер Тебас потенцира дека Барселона нелегално ги пријавила и регистрирала Олмо и Виктор за вториот дел од сезоната, па поради направениот прекршок, сега и одредува и намален буџет за издвојување плати за следната натпреварувачка сезона.
Оваа одлука на Ла Лига се должи како резултат на спорната операција која ја реализираше претседателот Жоан Лапорта, а истата доаѓа речиси три месеци по комплетирање на истата.
Важната фудбалска организација во Шпанија ги поништи сите документи кои биле доставени за активирање на Олмо и Виктор, па сега одново двајцата се водат за нерегистрирани играчи од страна на Ла Лига.
По жестокото соопштение од Ла Лига, Барселона до овој момент не излезе со никаков став, но според последните информации од Шпанија, последниот збор ќе го има Врховниот спортски суд кој во текот на наредните 24 часа се очекува да донесе конечна и дефинитивна одлука за целиот случај кој се провлекува со месеци.
-
Италија23 часа
Милан постигна три гола за финале и го остави Интер без сонот наречен „триплета“ (Видео)
-
Англија13 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Шпанија23 часа
Мајсторијата на Арда доволна за тешка и важна победа за Реал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Италија14 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Шпанија8 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Германија12 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Англија23 часа
Матета со лоб магија на „Емирејтс“ го приближи Ливерпул до титулата (Видео)