Поврзете се со нас

Свет

ЛА Галакси освои рекордна титула во МЛС лигата, Ројс и Рики го украдоа шоуто (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LAGalaxy

Лос Анџелес Галакси рано утрово ја освои рекордната шеста титула во МЛС лигата, откако во големото финале успеа да го победи Њујорк Ред Бул со 2:1.

Галакси добија огромен удар пред најважниот меч во сезоната поради тоа што го загубија најдобриот играч во својот тим, но и неиграњето на Рики Пуч не влијаеше негативно врз конечниот исход.

Шпанецот со скинат преден вкрстен лигамент го доигра полуфиналето и успеа да асистира за пласман во финалето, а на завршниот чин, соиграчите одиграа и за него.

Галакси брзо дојде до два гола предност со погодоците на Пентсил и Јовелиќ, а Нилис во 28-та минута намали на 2:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат на ова финале.

Дел од финалето во Америка беше и Марко Ројс, кој пет месеци по заминувањето од Борусјја Дортмунд ја освои првата титула во домашно првенство во својата кариера.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни