Поврзете се со нас

Италија

Лукаку: Интер се уште не е голем тим, важна е само една работа

Објавено

на

Екипата на Интер во последните 30 минути успеа да направи голем пресврт против Торино и од негатива од 2-0 на крајот да слави со 4-2.

Ова за „нероаѕурите“ беа важни три бода, но и уште едно предупредување дека мора да бидат подобри, поконтантни ако сакаат да направат нешто повеќе во актуелнава кампања во која влегоа во високи амбиции.

-Искрено, ние сè уште не сме голем тим. Не е добро да се мачиме како што тоа го правевме во првите 60 минути, лошо игравме. Игравме без лутина, без желба за победа. Се разбудивме подоцна и најважната работа е што ги освоивме трите бода, -истакна Ромелу Лукаку кој не се гледа себе си како лидер во Интер.

-Не, јас сум само играч кој сака да им помогне на своите соиграчи, не сакам кога луѓето велат дека сум лидер. Имаме многу важни играчи кои овде играат долго време. Јас сум само 25-годишно момче кое игра тука и сака да направи нешто добро, да се надеваме дека можеме нешто да освоиме нешто, но мораме да бидеме подобри затоа што денес не одигравме добар натпревар, -порача белгискиот напаѓач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни