Поврзете се со нас

Италија

Квича конечно проработи: Мајсторија на Кварацхелија за победа на Наполи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Наполи не игра ниту приближно добро и убедливо како минатата сезона кога стана шампион, а тоа можеше да се забележи и на денешниот меч против Верона на „Диего Армандо Марадона“.

Тимот на Мацари игра без Виктор Осимен и тоа навистина се чувствува кај „наполитанците“, кои денеска се изнамачија против Верона и со пресврт стигнаа до победа и три бода.

Гостите поведоа со голот на Копола во 72-та минута и тогаш се чинеше дека актуелниот шампион е во големи проблеми, но довчерашниот член на Верона брзо возврати и израмни на 1:1.

Енгонж направи трансфер од Верона во Наполи во јануари и не славеше против својот поранешен клуб, но затоа таков не беше случајот со Квича Кварацхелија кој конечно проработи и погоди за победа од 2:1.

Грузиецот постигна прв гол после пауза од два месеци, а првиот во 2024-та година беше навистина мајсторски и потсети на најдобрите денови од неговата прва сезона во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни