Поврзете се со нас

Светски првенства

Корејците ги неутрализираа ѕвездите на Уругвај за ново реми без голови

Објавено

на

Уругвај и Јужна Кореја го одиграа веќе четвртиот натпревар без голови (0:0) на Светското првенство во Катар, со што и двете селекции имаат ист статус во пресрет на претстојнит две рунди во групната фаза.

Јужноамериканската селекција не ја оправда фаворитската улога, откако корејската одбрана составена од квартетот Ким успеа да ги сопре нападите и обидите на ѕвезди како Суарез, Нуњез и Кавани.

Хванг ја имаше најдобрата шанса за Кореја во првиот дел, а Годин на спротивната страна погоди дирек по удар со глава во завршницата на полувремето.

Вториот дел не донесе промени, неколку обиди на двете страни беа непрецизни или изблокирани удари, а Валверде во финишот исто така погоди дирек.

Во вториот дел од групата Португалија се среќава со Гана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни