Поврзете се со нас

Мото ГП

Квартараро стигна до прва Мото ГП победа, „откачениот“ Маркез заврши во болница (Видео)

Објавено

на

Фабио Квартараро конечно дочека да се израдува на една голема победа во Мото ГП шампионатот, откако денеска славеше на патеката во Херез која е прва во календарот од новата натпреварувачка сезона.

Откако минатата сезона во неколку наврати заврши во опашот на Марк Маркез, младиот Французин ова попладне се израдува на својот најголем успех во кариерата, славејќи на патеката во Херез која го носи името на легендарниот Анхел Нието.

Иако стартуваше прв, Квартараро имаше лош почеток и падна на четвртото место, но сепак успеа да се стабилизира и да дојде до првото место. Французинот самостојно ги мина Милер и Вињалес, додека немаше потреба да го прави тоа со Маркез кој приреди спектакл, но залудно бидејќи имаше страшен пад по неверојатниот кам-бек.

Маркез најпрво излета кога беше прв и падна на 16-то место, но потоа следеше неверојатно возење од негова страна, кое го доведе на третото место. На четири круга пред крајот, Маркез сакаше да го мине и Вињалес, но сепак префорсира во еден свиок и претрпе страшен пад поради кој беше брзо испратен во болница.

Лошиот пад му ја уништи нестварната изведба на патеката во Херез, па сега остана без бодови на трката на која важеше за главен фаворит за победа. Што е уште полошо за него, лекарите допрва треба да дијагностицираат дали има некоја посериозна повреда, бидејќи тоа може да му донесе голем удар во шампионските амбиции.

Наспроти падот на Шпанецот, мора да се потенцира извонредниот викенд на Квартараро, кој вчерашната пол-позиција ја надополни со прв триумф во „кралската класа“ како член на Петронас Јамаха. Втор на крајот заврши Маверик Вињалес, а подиумот го комплетираше Андреа Довициозо за кого ова е голем успех ако се знае дека пред неполн месец направи операција на клучната коска.

Валентино Роси го комплетираше лошиот викенд со откажување, а во првите 10 завршија уште Милер, Морбидели, Еспаргаро, Бањаја, Оливеира, Петручи и Накагами.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни