Поврзете се со нас

Мото ГП

Квартараро со страшен рекорд ја „грабна“ првата пол позиција во Мото ГП сезоната

Објавено

на

blank

По толку долго чекање, овој викенд во Шпанија стартуваа големите возбудувања во Мото ГП, а уште квалификациите ни донесоа фантастичен спектакл кој се очекува да биде уште понеизвесен за време на утрешната трка.

Младиот Фабио Квартараро уште еднаш демонстрираше дека поседува неверојатен потенцијал, па со страшно време на квалификациите постави апсолутен рекорд на патеката Анхел Нието во Херез (1:36.705).

За Квартараро ова е втора пол-позиција на оваа патека во Шпанија, бидејќи и минатата сезона стартуваше прв во Херез, нешто што ќе биде реалност и утре во првиот стартен ред.

Друштво во истиот ќе му прават Маверик Вињалес кој е втората Јамаха на врвот, како и светскиот првак Марк Маркез кој иако беше доста блиску, сепак беше за влакно побавен со својата Хонда.

Талентираниот Французин Квартараро утре ќе се обиде конечно да стигне до првата победа во Мото ГП по сензационалните изданија на крајот на минатата сезона, но факт е дека задачата нема да биде воопшто лесна, бидејќи ритамот на Маркез делува исклучително опасен за трка.

Најголемото изненадување во квалификациите го приреди Бањаја кој ќе стартува четврти, а во вториот стартен се уште Милер и Крачлоу. Од седмото до деветтото место се Пол Еспаргаро, Довициозо и Ринс, 10-ти е Морбидели, додека Роси и Мир се 11-ти и 12-ти.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни