Поврзете се со нас

Мото ГП

Квартараро победи во Португалија и го презема водството во МотоГП првенството

Објавено

на

Фабио Квартараро победи на МотоГП трката во Португалија, на која стартуваше од пол-позицијата, а ги искористи и падовите на дел од своите ривали за највисок пласман и втора победа по ред во првенството.

Членот на Јамаха немаше најдобар старт и веќе во првиот круг не беше меѓу водечката тројка, но подоцна искористи еден контакт меѓу Маркез и Милер за да стигне до третата позиција и полека се враќаше во игра за првото место.

Откако Французинот го искористи потенцијалот на својата Јамаха да се најде на водечката позиција, неколку кругови возеше под притисок на Алекс Ринс, но членот на Сузуки лошо влезе во еден свијок и излета, по што Квартараро немаше проблем да го задржи првото место во последните шест кругови.

Претходно излета Џек Милер, во продолжение и Жоан Зарко, а таков епилог во Португалија трката имаше и за Валентино Роси, кој беше далеку од борбата за висок пласман.

Трката во Алгарве беше одбележана и со камбекот на Марк Маркез, кој на почетокот најави дека ќе се обиде да се бори барем за подиум, но на крајот го освои седмото место на оваа трка.

Зад Квартараро кој сега води и во генералниот пласман, се најде Франческо Бањаја од тимот на Дукати Леново, додека Жоан Мир од Сузуки го освои третото место. Бодови освоија уште и Морбидели, Биндер, А. Еспаргаро, браќата Маркез, Бастијанини и Накагами.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни