Поврзете се со нас

Мото ГП

Квартараро победи на Асен и ја зголеми предноста во генералниот пласман

Објавено

на

Фабио Квартараро ја зголеми предност во генералниот пласман во Мото ГП шампионатот, откако ова попладне стигна до победа на трката за Големата награда на Холандија.

Французинот имаше извонреден старт и го мина тимскиот колега Маверик Вињалес кој најавуваше дека може да дојде до триумф, но во првите неколку круга, најсериозен ривал на Квартараро беше Бањаја кој дојде и на првото место. Сепак, возачот на Дукати не можеше да одолее на нападите на Квартараро и Французионот изби на врвот, а потоа до крајот не го испушти и со неколку секунди предност прв ја мина целта на Асен.

Бањаја направи грешка и не заврши ниту на пиедесталот, на кој се искачија Вињалес како вторпласиран и актуелниот првак Мир како трет во поредок. Зарко, Оливеира и Бањаја завршија меѓу првите шест, додека Марк Маркез се задоволи со седмото место што е одлично за него ако се земе во предвид дека стартуваше 20-ти.

Човекот кој победи минатата седмица во Германија направи пресврт, но не можеше да се бори со водечките, па иако во последниот круг се обиде да го нападне Бањаја, не успеа да дојде до шестото место.

Од осмото до десеттото место завршија Алеиш Еспаргаро, Накагами и Пол Еспаргаро, додека трката не ја завршија Џек Милер, Лекуона и Валентино Роси кој падна додека беше 17-ти на средина на трката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни