Поврзете се со нас

Мото ГП

Квартараро издоминира и покажа шампионски амбиции во Херез, Вињалес го доби дуелот со Роси

Објавено

на

blank

Фабио Квартараро минатиот викенд стигна до првата победа во Мото ГП, а денеска на втората трка која се возеше во Херез, младиот Французин докаже дека поседува материјал за светски шампион, особено откако Марк Маркез има две „нули“ по двете стартни трки во шампионатот.

Пред точно седум дена, Квартараро го искористи падот на Маркез за да стигне до голем триумф, но денеска беше доминатен во однос на конкуренцијата и со предност од осум секунди заврши прв пред двоецот на фабричката Јамаха.

Маверик Вињалес го доби директниот дуел со Валентино Роси и во претпоследниот круг го мина деветкратниот светски првак, па така стигна до нови важни бодови на патеката во Херез која два викенда по ред беше домаќин на мотоциклистичките возбудувања.

Најголем трагичар денеска е Бањаја од Дукати кој беше убедливо втор на неколку круга пред крајот, но неговото Дукати откажа и поради проблеми со моторот мораше да се откаже.

Квартараро на овој начин стигна до нови 25 бода во шампионатот и сега има вкупно 50, а исто толку изнесува предноста во однос на Маркез кој инаку беше главен фаворит за титулата, но кој сега ќе има навистина тешка задача да го одбрани приматот светски шампион по тешкиот пад и денешната пропуштена трка.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни