Мото ГП
Квартараро го замени Маркез во Германија и издоминира на Захсенринг

Марк Маркез е недопирлив за ривалите кога се вози на Захсенринг и важи за владетел на оваа патека, но во негово отсуство, доминантен за конкуренцијата беше Фабио Квартараро.
Возачот на Јамаха докажа дека е возач со најдобар ритам и во најдобра форма и оваа натпреварувачка сезона, па со вакви изданија како ова денеска, доста лесно може да стигне и до втората шампионската титула во Мото ГП шампионатот.
Маркез поради нова операција на раката беше принуден да ја пропушти овогодинешната трка за Големата награда на Германија, која не донесе никаква неизвесност и во негово отсуство, бидејќи Кваратаро беше недофатлив за останатите.
Французинот издоминира и со пет секунди предност заврши пред сонародникот Жоан Зарко, додека на крајот пиедесталот го комплетираше Џек Милер, а не Алеиш Еспаргаро.
Шпанецот направи грешка на крајот и му ја „отвори вратата“ на Милер, па возачот на Дукати го искористи тоа и се избори за место на подиумот во Германија. Со победата, Квартараро ја зголеми предноста во генералниот пласман и засега сигурно ита кон одбрана на шампионскиот статус, а втор во поредокот и натаму останува Еспаргаро и покрај денешната грешка.
Денеска покрај споменатите четворица, во првите десет завршија и Лука Марини, Хорхе Мартин, Бред Биндер, Фабио Ди Џанантонио, Мигуел Оливеира и Енеа Бастијанини.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Светпред 24 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 18 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика