Поврзете се со нас

Мото ГП

Квартараро доби дополнителна казна за МотоГП трката во Шпанија

Објавено

на

Фабио Квартараро денеска имаше бизарна трка за Големата награда на Шпанија од МотоГП шампионатот, на која првично имаше место на подиумот, но заработи казна поради која назадуваше во пласманот.

Лидерот во генералниот пласман ја напуштил патеката на движење предвидена од стјуардите, па доби казна од три секунди, заврши на четвртото место и остана без подиум.

Лудило на Каталуња: Квартараро возеше со разголени гради при брзина од 300 км/ч, Оливеира стигна до голема победа (Видео)

Неколку часа по трката, Французинот доби уште една непријатна информација, според која доби уште една казна од три секунди, што значи назадување на уште две позиции и губење на дополнителни поени од трката во Каталуња.

Причина е фактот што лидерот во генералниот пласман имаше проблеми со протекторот од својот комбинезон и реши да се ослободи од истиот за време на трката, па последните три круга ги возеше со разголени гради што беше доста ризично при брзина од повеќе од 300 километри на час.

На крајот Квартаро е шести, со што една позиција напредуваа Жоан Мир и Маверик Вињалес, кои во официјалниот пласман се на четвртото и петтото место.

Со ваквиот епилог, Квартараро сега има предност од 14 поени во однос на Зарко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни