Поврзете се со нас

Мото ГП

Квартараро беше недопирлив на Муџело и со солзи во очите му ја посвети победата на Дупаскје

Објавено

на

Трката за Големата Награда на Италија која се возеше на легендарната патека Муџело се возеше во доста непосакувани услови, бидејќи непосредно пред стартот на главата трка во Мото ГП, пристигна официјална информација за смртта на Џејсон Дупаскје.

Младиот Швајцарец им подлегна на повредите откако вчера претрпе ужасен пад на квалификациите, па поради трагичната вест, резултатот од денешната трка во Италија остана во втор план.

Фабио Квартараро беше навистина емотивен и пред и по крајот на трката, а додека даваше изјава како победник на трката, откри дека во секој круг која го минувал свијокот 9, во мислите му бил Џејсон кој животот го загуби токму на тој дел од патеката.

Возачот на Јамаха извозе спектакуларно и стигна до својата трета победа од стартот на сезоната, па сега дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман, каде полека се издвојува како прв фаворит за титулата во „кралската класа“.

Втор денеска заврши Оливеира кој фантастично напредуваше во текот на трката, додека на подиумот уште се најде Жоан Мир. Четврти заврши Жоан Зарко кој во финишот беше престигнат од Оливеира, Мир и Ринс, со тоа што овој последниот падна и не ја заврши трката.

Биндер, Милер, Еспаргаро и Вињалес беа распоредени од четвртото до осмото место, а Петручи и Валентино Роси ги комплетираа првите 10. Трката не ја заврши Марк Маркез кој и дефинитивно има големи проблеми по враќањето на патеката, откако денеска падна во вториот круг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни