Италија
„Кварадона“ дефинитивно го напушта Неапол: ПСЖ прифати да ја плати сумата која ја побара Де Лаурентис!

Квича Кварацхелија веќе неколку дена интензивно преговара со ПСЖ за брзо решавање на операцијата, а како што јавуваат угледните француски медиуми, истата е во завршна фаза и само прашање е на време кога двата клуба и сами ќе ги откријат сите детали од трансферот.
Антонио Конте самиот призна дека нема ресурси со кои може да го задржи Грузиецот на „Диего Марадона“, па откако битката ја прогласи за загубена уште изминатиов викенд, беше јасно дека круцијални за трансферот во ПСЖ ќе бидат првите денови од новата работна недела.
Оваа вечер пристигна ексклузива информација дека ПСЖ ги исполнил барањата на Аурелио Де Лаурентис кој традиционално е тежок преговарач, па доста полесно од очекувањата ја привел зделката до крај.
Газдата на Наполи отсекогаш им ја отворал вратата на фудбалерите кои веќе не се гледаат во проектот на Наполи, но исто така, бара да добие фер обесштетување кое во дадениот случај изнесува околу 70 милиони евра.
„Радио Монте Карло“ ексклузивно објавува дека целиот пакет за Квича ќе изнесува нешто над 70 милиони евра, со што Луис Енрике ќе го добие првото мега засилување во новата 2025-та година.
Други француски извори исто така потврдуваат дека операцијата е завршена, со тоа што додаваат дека Кварацхелија ќе добива 9 милиони евра по сезона во Франција, или 3 милиони повеќе од она што му го нудеше Наполи во преговорите за нов договор.
-
Лига на шампиони21 час
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија22 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони18 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…