Поврзете се со нас

Франција

Кварацхелија: Зборував со него пред да се преселам во ПСЖ

Објавено

на

foto: x.com/PSG_inside

Репрезентативецот на Грузија, Хвича Кварацхелија ја промени клупската средина и од Наполи премина во редовите на Пари Сен Жермен.

Офанзивецот сакаше да го напушти калчолигашот и во летниот преоден рок, меѓутоа тоа не се реализираше или поточно Кварацхелија мораше да почека неколку месеци за да сега е дел од најдобриот француски клуб.

-Проектот е она што ме убеди да дојдам овде. Знам што сака да постигне клубот и како работи со играчите. Тоа е во линија со тоа што сум јас, тука играа многу големи играчи, па не размислував многу за тоа кога имав можност да дојдам во Париз, -истакна Грузиецот кој откри дека разговарал со голманот Донарума пред да им каже „ДА“ на „светците“.

-Познавам некои од играчите, да. Фабијан (Руиз), со кој играв во Наполи. И го познавам Џиџо (Донарума), со кого разговарав пред да му се приклучам на Пари Сен Жермен, -рече новото име во ПСЖ.

Тој даде краток коментар и за тренерот Луис Енрике.

-Тој е еден од најдобрите тренери во светот, знам дека ќе научам многу работејќи со него и многу сум среќен што станав играч чиј тренер е Луис Енрике, -заврши најдобриот грузиски фудбалер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни