Поврзете се со нас

Франција

Кварацхелија со нов нестварен прием „измести“ двајца противници: Каде е топката? (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

Квича Кварацхелија почна да влегува во посакуван ритам како член на ПСЖ, а француските медиуми од коло во коло се се повоодушевени од техничките квалитети кои ги прикажува Грузиецот.

Пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите беше надополнет со дерби победа против Марсеј во домашното првенство, натпревар на кој Квича уште еднаш демонстрираше дека поседува магија во нозете.

Кварацхелија веќе режираше магичен прием на натпреварот против Рен поради кој Лига 1 за момент и го промени своето лого, но сега на втор натпревар во низа режираше слична лудорија.

Овојпат, потфатот на Квича беше уште потежок бидејќи беше опкружен од двајца фудбалери на Марсеј, но некако успеа деганжманот на Донарума да се претвори во вистинска фудбалска магија.

Приемот на Квича одново е топ тема во фудбалска Франција, што само покажува дека ПСЖ доби огромно засилување од Наполи во зимскиот преоден рок.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни