Поврзете се со нас

Европски првенства

Кварацхелија се радува на битката со Роналдо: Ова е сон…

Објавено

на

foto:x.com/EURO2024DE

Грузија дебитира на Европските првенство, но веќе во првиот настап може да испише историја и да се пласира во осминафиналето со тоа што за да успее ќе мора да ја добие Португалија во последното коло.

Тоа дефинитивно нема да биде лесна мисија за Грузијците кои покажаа знаење и умешност против Турција и Чешка, но Португалија е друга категорија, ниво повисоко, селекција која важи за топк фаворит за освојување на пехарот.

Хвича Кварацхелија се радува на оваа битка особено затоа што на другата страна ќе биде неговиот идол Кристијано Роналдо.

-Тој беше идол за мене. Среќен сум што го гледам на теренот. Ова е сон што го имав [да се соочам со него] и ќе видиме што ќе се случи, -порача ѕвездата на Наполи.

Средбата Грузија-Португалија е закажана за в среда од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни