Поврзете се со нас

Италија

Кварацхелија се огласи со кратка изјава за својата иднина по бурата која се активираше во Наполи

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Квича Кварацхелија остана без прва победа на Европското првенство во својот прв историски настап на еден континентален турнир, но италијанските медиуми се погрижија повеќе да мисли на случувањата на клупски, отколку на репрезентативен план.

По поразот од Турција на мечот кој се одигра во Дортмунд, Квича дал кратка изјава за италијански „Скај“ поврзана за својата иднина, откако изминативе неколку дена се активираше голема бура во Неапол.

Причина за тоа се изјавите на неговиот татко и неговиот агент, како и жестокиот одговор од Наполи кој посочи дека не планира да го продаде Грузиецот за ниту една цена.

Агентот на фудбалерот најави заминување од Наполи поради фактот што Кварадона би загубил една година од својата кариера ако остане на „Диего Марадона“, а жестоките препукувања изнудија и кратка реакција од крилниот напаѓач, кој најави дека ќе ги реши сите дилеми по крајот на Европското првенство.

– Се чувствувам добро на личен план и фокусиран сум само да го дадам најдоброто на Европското првенство. Ќе одлучам за својата иднина после турнирот, во моментов не мислам на ништо друго. Не сакам да давам поединечен коментар за сите работи кои кружат околу мене, – изјави Кварацхелија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни