Италија
Кварацхелија се одјави: Знам дека срцата ви се скршени, но еден ден ќе ви кажам сѐ!

Квича Кварацхелија мина незаборавни две ипол години во Наполи и успеа да ја освои шампионската титула уште во воведната сезона во Италија, успех кој прави да има посебно место во историјата на овој клуб, но достигнување кое му дава за право да се одјави на заминување онака какошто посакува.
Повеќе од јасно е дека Грузиецот си заминува од Наполи со нарушени односи со претседателот Аурелио де Лаурентис, но пред да го направи тоа, Квича реши да им се обрати на тифозите на клубот, оние кои му даваа безрезервна поддршка уште од првиот ден.
Популарниот „Кварадона“ има договорено се со ПСЖ и само прашање на време е кога ќе биде претставен како огромно засилување за „светците“, па добра најава за тоа е и неговото проштално обраќање до навивачите на Наполи.
– Здраво, ова е многу тешко за мене, но време да кажам збогум. Имав неверојатно време тука, споделивме многу спомени заедно и искусивме неверојатни емоции. Неапол беше мој дом, дом во кој се чувствував прекрасно благодарение на вас. Патот кој го минавме заедно се уште ми е во глава и сето тоа за мене е многу емотивно. Се сеќавам на мојот прв гол, тоа е чуство кое никогаш нема да го заборавам.
– Се сеќавам и на моите први чекори на стадионот, на вашите емоции, на вашите скандирања и енергијата која ми ја дававте. Неапол е фудбалски град, Неапол живее за фудбал и среќен сум што бев дел од оваа историја. Научив многу тука со вас, на теренот, но и надвор од него. Пораснав како играч, но и како личност. Беше голема чест за мене да го носам овој дрес, сакам да им се заблагодарам на сите кои работат во клубот. Сакам да им се заблагодарам на тренерите, на стручниот штаб, на моите соиграчи и на фановите. Велам збогум, но секогаш ќе бидете во моето срце и се надевам дека ќе се сретнеме повторно. Знам дека ви е скршено срцето, но еден ден ќе ви кажам се! Ви посакув успех, посакувам овој град и овие луѓе повторно да го искусат Скудетото, – порача Кварацхелија, кој во обраќањето се простува и од Диего Марадона.
– Пред да си заминам, не можев да не го посетам стадионот и муралот на Диего Марадона. Сите знаеме какво значење има Диего за овој град. Тој тука е сакан повеќе од било што. Диего е жив во срцата на сите наполитанци и секогаш ќе биде така. Наполи и Диего секогаш одат заедно, Диего е Бог на фудбалот и тоа се чувствува во овој град. Морам да му кажам збогум и на Диего…. Збогум Диего, збогум Наполи!, – порачува Квича.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија23 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…