Поврзете се со нас

Светски првенства

Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/sscnapoli

Пари Сен Жермен официјално го комплетираше најголемиот, најбомбастичниот трансфер во досегашниот зимски преоден рок, трансферот на репрезентативецот на Грузија, Хвича Кварацхелија.

Офанзивецот за сума од 70+милиони евра го замени дресот на Наполи со оној на клубот од француската престолнина. Тој стана првиот Грузиецот кој потпишал за ПСЖ, клубот во кој се обврза на договор до 2029 година и во кој ќе го носи дресот со број седум.

-Сон е да се биде овде. Слушнав многу позитивни работи за Пари Сен Жермен. Чувствувам огромна гордост што му се приклучив на овој голем клуб и навистина со нетрпение очекувам да ги носам моите нови бои, -порача офанзивецот кој за Наполи во првиот дел од сезоната одигра 19 средби и постигна 5 гола со 3 асистенции.

Претходно во кариерата освен во родната Грузија настапуваше и во Русија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни