Италија
Кварацхелија нема да игра против Верона, Наполи се подготвува за збогување со Грузиецот
Квича Кварацхелија е се поблиску до трансфер во ПСЖ и неговиот актуелен клуб Наполи очекува реализација на трансферот во овој јануарскиот преоден рок.
Грузиецот веќе ги прифатил финансиските услови понудени од францускиот шампион и одлучил да прифати нов предизвик во кариерата, а италијанските медиуми тврдат дека поради ова нема да биде во комбинација за дуелот со Верона.
Тренерот Антонио Конте и самиот дал зелено светло за разделба со Кварацхелија поради најавената трансфер сума од најмалку 70 милиони евра, односно можноста да реинвестира дел од парите во фудбалери кои самиот ќе ги избере за составот од Неапол.
ПСЖ дури се обидел да ги понуди Милан Шкринијар и Марко Асенсио како дел од трансфер размена за грузиската ѕвезда, но Наполи одбил вакво сценарио и инсистира на класичен трансфер кој ќе ја отсликува реалната вредност на фудбалерот.
Договорот на Кварацхелија со Наполи истекува во 2027 година, но фактот што двете страни долго време не можат да се договорат за продолжување очигледно бил вистинска причина што клубот решил да не ризикува и да ги капитализира неговите настапи со навистина солидна сума уште во првиот месец од 2025 година.
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства20 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија17 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија23 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија20 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија12 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!