Поврзете се со нас

Италија

Кварацхелија ја реши Португалија, па испрати порака за неговата иднина

Објавено

на

Грузија ја изненади и шокираше фаворизираната Португалија (2-0) на Европското првенство, а за тоа најзаслужен беше Хвича Кварацхелија кој блескаше и беше нерешлива енегма за избраниците на Роберто Мартинез.

Сосема заслужено тој ја понесе наградата за најдобар играч на средбата во Гелзенкирхен, па со оглед на доброто расположение испрати и порака за неговата иднина во Наполи.

Новиот тренер на наполитанција, Антонио Конте порача дека Грузиецот нема да мрдне од Неапол или поточно во него гледа играч кој ќе биде предводник на новиот проект.

Конте забранил продажба на четворица играчи: Ставив вето за нивно заминување!

Ова секако е сосема спротивно ако се земе предвид желбата на играчот за заминување, нешто што во повеќе наврати го потенцираше преку агентот. Токму Кварацхелија се обрати на оваа тема и порача:

-Го почитувам Конте, тој е еден од најдобрите тренери. Го почитувам и сакам Наполи. Ќе одлучам за иднината по ЕП. Сега сум фокусиран на средбата со Шпанија, -порача Грузиецот кој има договор до 30 јуни 2027 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни