Поврзете се со нас

Италија

Кварацхелија го одбил новиот договор на Наполи

Објавено

на

Foto:twitter.com/en_sscnapoli

Квича Кварацхелија го потврди својот фудбалски квалитет и со настапите за Грузија на ЕП во Германија, а неговиот клуб Наполи се обидува што порано да добие потпис на подолг договор со него.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претседателот Аурелио Де Лаурентис и спортскиот директор Џовани Мана специјално отпатувале во Диселдорф и имале средба со агентот на грузискиот репрезентативец, но не успеале да ја остварат посакуваната цел.

Кварацхелија преку агентот испратил порака дека во моментов не е подготвен да потпишува ништо и преговорите би можеле да продолжат по завршувањето на првенството, односно неговиот заслужен одмор по овој турнир.

Грузиецот има договор до 2027 година и Наполи сака да го врзе со клубот барем уште две дополнителни години со многу поголема плата од сегашната, но самиот фудбалер можеби има поинакви приоритети, па затоа засега не прифаќа обрзување на подолг период.

Последните шпекулации се дека последен клуб кој сериозно загризал за Квича е ПСЖ, а работата отиде дотаму што Де Лаурентис јавно го прекори францускиот клуб затоа што разговарал со фудбалерот без дозвола од Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни