Поврзете се со нас

Франција

Кварацхелија дебитираше со асистенција, ПСЖ загуби бодови на „Паркот на принцовите“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/PSG_inside

Хвича Кварацхелија забележа асистенција во дебито во дресот на Пари Сен Жермен, но неговиот тим не успеа да го оправда статусот на фаворит и да слави над Ремс во средбата од 19. коло во Лига А.

Тренерот Луис Енрике му даде шанса на Грузиецот да биде стартер на вечерашниот меч, а тој возврати со добро издание и асистенција за погодокот на Дембеле во 47 минута.

Меѓутоа гостите во 56 минута го возвратија ударот преку Накамура за 1-1, резултат кој на крајот се покажа како конечен на „Паркот на принцовите“ во Париз.

ПСЖ е прв на табелата, но Олимпик Марсеј ќе има можност да дојде на минус седум ако утре ја добие екипата на Ница.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни