Квалјарела: Веќе е почеток на сезона, а тој го постигна голот на сезоната во Серија А (Видео)

kvalja

Сампдорија комплетно го надигра Наполи и му одржа добра лекција по двата стартни порази во новата сезона во Серија А. Победата им беше многу важна на Сампдорија, но сепак голот кој го постигна Фабио Квалјарела ја украде славата на овој меч.

Тој во 75 минута со мајсторијата која ја направи, покажа дека годините не се важни кога се работи за фудбалската игра. Иако голот го поистоветуваа со сличните мајстории на Златан Ибрахимовиќ во минатото, сепак дури и Ибра би бил љубоморен на овој погодок.

Голот за одредени италијански медиуми значи и погодок на сезоната, иако веќе се одиграа само неколку кола и сезоната е на почеток. Дека не се работи за случајно постигнат гол, говори и изминатата сезона во кој Квалјарела постигна 19 голови. Овој искусен напаѓач ќе претставува страв и трепет и оваа сезона.

Facebook Коментари