Поврзете се со нас

Италија

Кваљарела се изнервира од викањето на Гатузо, па доби „сочна“ порака од Рино (Видео)

Објавено

на

По поразот во дербито од Јувентус, Наполи им се врати на победите и оствари навистина важен триумф во трката за четвртото место на табелата во Серија А, откако успеа да го „преживее“ гостувањето во Џенова.

Сампдорија не беше воопшто наивен противник, постигна гол за израмнување при резутлат 0:1, но истиот беше поништен поради прекршок, по што Осимен ги постави конечните 0:2 во самата завршница.

Како и по обичај, Гатузо беше максимално енергичен и френетичен од аут линијата, а неговото константно викање и давање инструкции на сиот глас го изнервира најискусниот на теренот, ветеранот Фабио Кваљарела.

– Мистер, вршиш и коментирање на натпреварот?, – иронично порача Кваљарела, по што Гатузо „сочно“ возврати.

– Кваља, фокусирај се на играње, немој да ми ги чешаш мадињата. Што к.. сакаш од мене?, – му возврати Рино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни