Поврзете се со нас

Италија

Квалјарела испратен во пензија со солзи и овации во Џенова (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/sampdoria

Сампдорија сезонава не успеа да обезбеди опстанок во Серија А, но тоа не беше пречка вчера навивачите достојно и на вистински начин да го испратат Фабио Квалјарела во фудбалска пензија.

Ветеранот имаше значајна улога на дуелот против Сасусоло, на кој Самп успеа да освои барем бод, а во финишот беше повлечен од игра од тренерот Дејан Станковиќ.

Тоа беа и најемотивните моменти на стадионот во Џенова, бидејќи навивачите го испратија легендарниот напаѓач со овации, а тој не можеше да ги сопре солзите додека го напушташе теренот.

Квалјарела ја започна кариерата во Торино, по што настапуваше за повеќе клубови во Италија, вклучувајќи ги и Наполи и Јувентус, со кого освои три титули во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни