Квалитетна партија: Крстевски промаши само еднаш против Грац

goran

Македонскиот интернационалец, Горан Крстевски одигра квалитетна партија за Линц против Холдинг Грац во првата австриска лига.

Крстевски беше меѓу најдобрите на теренот и реализираше шест од седумте обиди и додаде две асистенции зад своето име. Ама ова негово издание како и на крилото Никола Костески кој беше автор на пет голови не беше доволно за освојување на целиот плен на оваа средба, поточно истата заврши без победник 29-29.

Домаќините во завршните две минути влегоа со позитива од два гола (29-27), но таа предност не ја сочуваа и мораа на крајот да се задоволат само со бод (29-29).

Facebook Коментари