Поврзете се со нас

Формула 1

Квалификациите донесоа драма за Ферстапен, Перез ја освои пол позицијата во Мајами

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Серхио Перез се покажа како „доктор“ за улични патеки во Формула 1, а таквиот статус го оправда и во квалификациите на трката за Големата награда на Мајами.

Иако Макс Ферстапен имаше најдобро темпо и беше најбрз во претпоследниот квалификациски циклус, сепак вториот возач на Ред Бул е оној кој ја освои пол позицијата, а актуелниот шампион доживеа вистинска драма во завршната сесија.

Ферстапен воопшто не оствари време во главните квалификации, најпрво поради тоа што направи грешка, а потоа поради ударот кој го имаше Шарл Леклер, по кој стјуардите извадија црвено знаме.

Со ова, до последниот обид на Ферстапен воопшто не дојде, па Чеко Перез го освои првото место и друштво во топ три ќе му прават Фернандо Алонсо и Карлос Саинц.

Леклер поради инцидентот ќе стартува седми, а покрај водечкото трио, пред него ќе стартуваат и Магнусен, Гасли и Расел. Осми е Окон, а зад Макс Ферстапен ќе стартува Валтери Ботас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни