Репрезентација
Квалификации за ЕП: Кошаркарките настрадаа на гостувањето во Белгија и претрпеа болен пораз

Женската кошаркарска репрезентација полека го згаснува сонот наречен Европско првенство, бидејќи вечерва претрпе тежок пораз на гостувањето во Левен, трет во квалификациската група.
Девојките заминаа ослабени на гостувањето во Белгија, од кое за жал ќе се вратат со убедлив и тежок пораз изразен со неверојатни 71 поен разлика.
Македонија постигна само три поено во воведната четвртина и после само 10 минути беше јасно дека не чека тежок пораз, бидејќи по почените 34:3, Белгија не застана и продолжи да го полни нашиот кош.
Кошаркарките успеаја да покажат малку подобро лице од она ужасното во првиот период, но сепак тешкиот пораз од 112:41 јасно укажува дека драстично заостануваме во квалитет во споредба со други селекции од Европа.
Македонија претходно во квалификациите загуби и од Босна и од Германија, а сега в недела ја чека нов предизвик, бидејќи ќе го одиграме вториот меч со Германките на домашен терен (19:00 часот СРЦ „Кале“).
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 24 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 20 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Англијапред 2 часа
Дајч веднаш донесе нова енергија во Евертон: Лидерот Арсенал изненаден на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)