Квалификации за ЕП 2018: Ракометарките добија нова лекција од Шведска

makedonija-svedska

Женска сениорска репрезентација на Македонија доби уште една ракометна лекција од колешките од Шведска, овој пат на стартот на квалификациите за Европското првенство во 2018 година.

По минатиот циклус каде два пати загубивме од скандинавките (31-20, 38-26), денеска избраничките на Симе Симовски не минаат поинаку во резултатска смисла, односно во Лунд беше 38-26 за големиот фаворит.

Ние поведовме со 2-0, по што следуваше серија на домаќинките од 7 погодоци со што стана јасно каде ќе оди овој натпревар. На паузата беше плус пет (18-13), позитива која во вториот дел беше дополнително зголемана.

Вториот меч од овие квалификации го играме во недела во СРЦ „Кале“ со почеток од 19:00 часот против северниот сосед Србија.

Facebook Коментари