Квалификации во Јапонија: Мизерија за Ферари, доминација на Мерцедес

hamilton-montmelo

Луис Хамилтон стигна до 80-та пол-позиција во својата Формула 1 кариера, обезбедувајќи најдобро време во денешните квалификации за трката за ГН на Јапонија.

Покрај перформансите на болидите, посебен предизвик за тимовите беа променливите временски услови, а како и многу пати сезонава, Ферари носеше лоши одлуки и тоа скапо го плати. Изборот на пневматици и возачките грешки дополнително го оддалечија италијанскиот тим од борбата за највисок пласман до крајот на сезоната.

За разлика од Мерцедес чии возачи Хамилтон и Ботас ги освоија најдобрите две позиции, Ферари мораше да се соочи со ситуација во која претендентот за титулата, Себастијан Фетел заглави на деветтото место, додека Кими Раиконен ќе започне од вториот ред, односно четвртото место на утрешната трка. Разочарување доживеа и Даниел Рикиардо кој го заврши настапот уште во втората квалификациска рунда и го зазема 15. место.

Топ 10 во квалификации на Сузука: Хамилтон, Ботас, Ферстапен, Раиконен, Грожан, Хартли, Гасли, Окон, Фетел, Перез.

Facebook Коментари