Поврзете се со нас

Италија

Квадрадо е вистинска легенда: Го пречека Костиќ со „добро јутро брате“ (Видео)

Објавено

на

Филип Костиќ вчера официјално ги мина медицинските тестови и стави потпис на договорот со Јувентус, клуб кој реши да исплати околу 18 милиони евра за да го доведе најдобриот играч на Ајнтрахт Франкфурт.

Србинот посебно воодушеви изминатата сезона во Лигата на Европа и тоа беше доволно добар предуслов да направи голем трансфер ова лето, па сега јасно е дека ќе треба да се бори за своето место во тимот на Алегри, нешто што му беше загарантирано во стартната постава на Ајнтрахт.

Крилото пристигна со голем ентузијазам и желба да се докаже во Италија, а Јувентус покажа и како минал неговиот прв ден, започнувајќи од пречекот на лицата за логистика, средбата со директорите и тренерот, но и со новите соиграчи.

Душан Влаховиќ го пречека Костиќ говорејќи на српски јазик, но интересно, тој не бил единствениот кој му се обратил на неговиот мајчин јазик.

Колумбиецот Хуан Квадрадо очигледно знае зборови од овој регион, па го пречека Костиќ со „добро јутро брате“…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни