Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски втор стрелец против Левен

Објавено

на

Тимот на Хановер за кого настапува репрезентативецот, Филип Кузмановски  не успеа да ја прекине лошата низа на резултати и загуби на гостувањето кај Рајн-Некар Левен со 33-28.

Ова беше дуел на кој „лавовите“ водеа во најголем дел од натпреварот, првиот дел беше тесен и заврши во полза на домаќините со 15-14, предност која се зголеми во второто полувреме во кое во еден момент беше плус шест за да на крајот се заврши со плус пет за фаворитот.

Колбахер со 11 погодици беше прво име на мечот, додека пак Кузмановски со четири погодоци беше втор стрелец во Хановер зад Хансен со 5 голови.

Кузмановски и компанија се во серија од пет порази во Бундеслигата, нова шанса за да стават крај на истата е против Вецлар на Филип Миркуловски, средба закажана за 22 април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни