Поврзете се со нас

Светски првенства

Кузмановски со величествен гест воодушевил 40 македонски навивачите пред натпреварот со Гвинеја

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Филип Кузмановски како капитен на македонската ракометна репрезентација е лидер на теренот во секоја смисла на зборот, за што доказ е и денешното издание кое го имаше против селекцијата на Гвинеја.

По 10-те погодоци против Унгарија и 9-те во дуелот со Холандија, Кузмановски по вторпат го понесе МВП признанието на овој мундијал, сето тоа откако вечерва постигна 12 пати во мрежата на Гвинеја.

Статистиката која вели дека досега има 31 погодок на Светското првенство го прави и најдобар стрелец на овој мундијал, но покрај добрите изданија на теренот, веста на денот од Вараждин е поврзана за големото срце кое го презентирал нашиот бек.

Популарниот „Фитиљ“ пред натпреварот купил 40 билети за македонски навивачи кои останале без важното парче хартија за натпреварот против Гвинеја, па со својот потег им овозможил на истите да се најдат на трибините и да ја бодат репрезентацијата.

Овој гест на Кузмановски само потврдува дека ракометарот на Еурофарм Пелистер полека прераснува во вистински лидер на теренот и надвор од него, но истовремено прераснува и во вистински миленик на македонската „Фаланга“ која од утре се очекува да биде уште побројна во Хрватска за втората фаза на мундијалот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни