Светски првенства
Кузмановски: Со нашите навивачи можеме да се носиме против било кој ривал!

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Македонската ракометна репрезентација не одржа тренинг и имаше само фитнес сесија во пресрет на последниот натпревар во групната фаза, сето тоа како последица на акумулираниот напор на првите два меча во групата.
Исрпувачките битки со Унгарија и Холандија го натераа селекторот Кирил Лазаров да ги поштеди македонските ракометари, кои сега со обновени сили ќе треба да излезат на теренот и да ја оправдаат фаворитската улога против Гвинеја.
Африканската селекција е апсолутен аутсајдер во натпреварот кој се игра утре во Вараждин, па сега останува македонските ракометари да останат максимално концентрирани и да си ја одработат својата задача на теренот.
– Не очекува последниот натпревар во групата откако отворивме против два квалитетни ривали како Унгарија и Холандија. Дадовме максимум против две добри репрезентации и среќни сме што освоивме еден бод. Сепак, сето тоа сега е зад нас и веќе мислиме на Гвинеја. Не треба да ги потцениме, сериозно си ја сфаќаме задачата и треба да одиграме квалитетно во текот на сите 60 минути. Треба да победиме на теренот и да се пласираме во втората фаза на Светското првенство, – вели капитенот Филип Кузмановски, кој верува дека овој тим на Македонија може да се натпреварува и во втората фаза.
– Секој тим кој е на Светско првенство се изборил да дојде до тука и не смееме никого да потцениме. Овие играчи на Гвинеја повеќето играат во Франција и сигурен сум дека нема да биде толку лесно.
– Очекуваме победа и пласман во следната фаза, а оваа репрезентација покажа дека има квалитет да се натпреварува со било кого. Ќе одиме чекор по чекор против Франција, Катар и Австрија, но овој тим само ќе напредува од меч во меч и со таква поддршка од трибините можеме да победиме против било кого во вториот круг.
– Оваа прилика ја користам за да и се заблагодарам на публиката, се чувствуваме како да играме во Скопје. Знаеме дека во нашата земја е како празник кога игра ракометната репрезентација и ја чувствуваме таа атмосфера до Вараждин. Посебна е енергијата која ја пееме македонската химна заедно со фановите на трибините. Заедно со нив можеме да се носиме против било која репрезентација на турнирот, – смета Кузмановски.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот