Кузмановски славеше, Миркуловски перфектен против лидерот Хановер

mirkulovski-kup

Филип Кузмановски е единствениот Македонец кој денеска со својата екипа славеше на мечевите во Бундеслигата.

Составот на Магдебург пред своите гледачи беше подобар од Минден со 31-29 и тоа пред се благодарение на првото полувреме во кое направија предност од четири голови (15-11). Дамгард со осум гола беше најдобар кај победникот за која Кузмановски немаше свој придонес.

Филип Миркуловски пак беше автор на два гола во ремито на Вецлар против лидерот Хановер од 25-25. Домаќините се бореа низ сите 60 минути и заслужено дојдоа до бод на оваа средба.

Голманот Мартин Томовски пак имаше четири одбрани во поразот на Лудвигсхафен на гостувањето кај Лемго од 27-19.

Facebook Коментари