Европски првенства
Кузмановски посочи што било пресудно за поразот од Словенија: Самите сме виновни

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов
Филип Кузмановски беше еден од најдобрите поединци во македонската ракомента репрезентација на отворањето на Европското првенство, бидејќи придонесе во дефанзивен, но и во офанзивен план со петте постигнати гола во мрежата на Словенија.
Македонскиот бек даде доста важни гола во моменти кога се враќавме во игра во второто полувреме и беше главен креатор на играта во напад, па по мечот и поразот кој носи измешани емоции, призна дека ќе му биде потребно еден ден за да спласнат импресиите и да даде поточен коментар за воведниот натпревар со Словенија.
– Искрено, немам коментар, уште сум под еуфорија бидејќи верував во победа над Словенија. Да не направевме технички грешки, ќе победевме. Добро е што покажавме дека можеме, овие млади играчи навистина можат.
– Отсуството на Кире беше хендикеп за нас, капитенот многу ни фали во играта, но ние се боревме и на крајот сами се си виновни што загубивме.
– И покрај тоа, главите горе, да ги поправиме техничките грешки на следните два натпревари и да одиграме уште поборбено. Ова е добра репрезентација, ние сме млад тим и трчаме 60 минути напред-назад. Видовте дека можеме да играме, оваа млада генерација докажа дека може, да анализираме каде погрешивме и да се поправиме. Нема простор за разочарување, одиме на следниот меч да го дадеме максимумот, – изјави Кузмановски.
-
Лига на нации13 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП12 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации14 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Македонија9 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации12 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации23 часа
Луд натпревар во Дортмунд: Германија водеше 3:0 против Италија, па едвај го дочека последниот судиски свиреж (Видео)