Репрезентација
Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија, ова е награда за сите наши натпревари…

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Капитенот Филип Кузмановски одново имаше важна улога и даде голем придонес во новата победа на македонската репрезентација на 29. Светско ракометно првенство.
Во петтиот меч на шампионатот го забележавме вториот триумф и тоа против селекцијата на Катар, славје од 39:34. Кузмановски со шест погодоци беше не врвот на листата на стрелци, но она што е најважно националниот тим дојде до резултатот што го посакуваше.
-Кажав и пред натпреварот дека одиме на победа. Верував во мене, верував во момците, ова е награда за сите наши натпревари што се боревме и што немавме среќа во последните минути да издвојуваме победа. Ова е голема награда за сите нас што бевме максимално пожртвувани, за нашите семејства, Македонија. Горд сум на момците, се наоѓам под емоции и многу сум сум среќен поради оваа победа. Зад нас оставаме едно добро првенство, покажавме како треба да играме за Македонија и продолжуваме напред. Пред натпреварот се почувствува умор, малку сме потрошени, но одигравме како тим, изгинавме сите за еден, -истакна Кузмановски.
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија24 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)